Спортисти кои користат месо во исхраната VS Спортисти вегетаријанци

Денес многу спортисти вегетаријанци се натпреваруваат на високо ниво и постигнуваат врвни резултати. Тоа што тие не внесуваат месо во организмот не значи дека и дека не ги внесуваатсите потребни елементи за зголемување на нивната енергија.

Она што спортистите кои конзумираат месо го внесуваат во својот организам за постигнување на потребното ниво на енергија и агресивност, вегетаријанците го компензираат со зголемено конзумирање на овошје и зеленчук богати со сите потребни компоненти за одржување на силата во организмот

Единствена разлика помеѓу овие два типа на спортисти е тоа што спортистите вегетаријанци не ги внесуваат оние негативни компоненти за човековиот организам кои ги содржи месото како што се на пример преголемиот број на масти кои ги содржат одредени видови на месо и нивниот организам полесно ја вари конзумираната храна

Фактот што вегетаријанците не се хранат со месо и месни продукти не значи дека ја немаат поребната енергија и агресивност за постигнување на одлични резултати во спортот. Напротив, може да се каже дека тие постигнуваат ако не подобри, парем исти резултати како и другите.

 

 

СПОРТИСТИ – ВЕГЕТАРИЈАНЦИ  И НИВНИТЕ УСПЕСИ

 

Carl Lewis – атлетичар

– Најбрзиот атлетичар во светот

– Во 1991 год. го собори светскиот рекорд

на на 100 метри кои ги   истрча за 9,86 секунди

 

 

 

 

Edwin Moses – атлетичар

– Од 1977 до 1987 тој постигна122 победи на 400 метри со пречки.

– Неговата кариера дклучува и 2 олимписки златни медали, 2 титули

светски првак и 4 светски рекорди во неговата специалност.

  

 

 

Martina Navratilova – тенисерка

– Таа е првата тенисерка што го освоила Вимболдон 9 пати од  

кои што 6 пати поседувателно.

– Таа го сруши рекордот за титули  во професионалниот тенис

со 74   освоени титули до 1984 година и   до своето повлекување има  

освоено вкупно 164 титули.

    

 

Paavo Nurmi – маратонец

– Овој маратонец има постигнато 20 светски рекорди и освоено

9 златни Олимписки медали.

– На олимписките игри во Париз,   1924 година, тој во една иста вечер

  освоил два златни медали на  1500 и 5000 метри со само еден 

час пауза помеѓу двете трки.

 

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.