Спортска исхрана богата со Цинк, Магнезиум и Витамин Б6 (ZMA)

Пoзнатата комбинација ZMA која  составена од Цинк, Магнезиум и Витамин Б6, е многу значајна за биолошките процеси во вашиот организам.

Нивната функција

Вашиот организма има потреба од витамин Б6 поради функцијата на над 100 ензим кои се вклучени во метаболизмот. Во форма на пиридоксал фосфат, витаминот Б6 врши протеинска синтеза на хемоглобинското формирање во вашите црвени крвни зрнца, синтеза на белите крвни клетки и развој на невротрансмитерите.

 

Цинкот, исто така, ја регулира синтезата на протеините и правилниот раст и развој. Цинкот игра голема улога при зачувувањето и лачењето на инсулинот, за транспортот на витаминот А до црниот дроб и ја одржува крвната pH вреднос  во рамнотежа.

 

Покрај одржувањето на коскената структура, магнезиумот соработува заедно со калиумот во спроведувањето на нервните импулси; метаболизирајки ги  јагленохидратите, мастите и протеините,  помага при синтезата на  ДНК и РНК. Магнезиумот,  исто така ја регулира рамнотежата на крвниот калциум , и му помага на витаминот Д да ги апсорбира калциумот и фосфорот во вашите коски.

 

 

ХРАНА БОГАТА СО ЦИНК, МАГНЕЗИУМ И ВИТАМИН Б6

Дневните потреби на витамин Б6, цинк и магнезиум претежно можете да ги внесете преку растителна храна, како што се житарки, тестенини, зелен лиснат зеленчук, јатчесто овошје и семки. Тие се ниски во калории, содржат растителни влакна и  имаат големо изобилство на други витамини и минерали, и се поевтини од месото и млечните производи. Сепак, најдобрите извори на цинк се од животинско потекло како што се говедското месо, црниот дроб, морските плодови и јајцата.

 

Витамин Б6

Магнеиум

Цинк

Ориз и Пченица

Ориз, пченица и овес

Остриги

Сушени билки и зачини

Сушените билки

Презла

Ф'стаци

Семки од тиква и лубеница

Телешки џигер

Лук (Свеж)

Какао во прав (темно чоколадо)

Сусам и таан

Црниот Дроб

Лен, сусам, и таан

Печено говедско месо

Риба (Туна, лосос)

Бразилски ореви

Печена тиква

Сончоглед и сусам

Семки од сончоглед

Сушени семки од Лубеница

Свинско филе (посно)

Бадеми и индики ореви

Какао во прав (темно чоколадо)

Путер од кикирики

Сува Печена Соја

Јагнешко и Овчо месо

Лешници

Камбала (риба)

Кикирики

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

1 Коментар
  1. sandra October 12, 2016 at 11:57 am - Reply

    Zdravo , bi sakala da Ve prasam kolku kalorii ima vo edna solja kakao vo prav So voda bez seker i bez mleko ? I kolku pati moze da se pie ? Pozdrav i se nadevam na povraten odgovor.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.