Спречете го грипот со секојдневно вежбање

 Кога се работи за избегнување на грипот, докторите велат дека      вакцинацијата дава најголема заштита, но не е гаранција.
 
 Експертите велат дека оваа година вакцината е 65% ефикасна.
 
 Така, многу луѓе од северот на Тексас бараат други начини како да   го зајакнат имунолошкиот систем и велат дека вежбањето е тајното  оружје. Докторите велат дека има голема поврзаност помеѓу  вежбањето и доброто здравје.

 Независно дали е грип или дијабетес физичката активност е добра  работа. Вашиот имунолошки систем треба да ги победи вирусите на грипот и на дијабетесот, па одржувајќи се во добра форма ќе Ви помогне да ги победите болестите.

Неколку студии покажале дека умереното вежбање откако ќе добиете грип ја подобрува ефикасноста на вакцината. Вежбањето не подразбира дека треба да бидете олимпиец, доволно е само пешачење.

Не се плашете да излезете овие студени зимски денови, бидејќи пешачејќи вашиот организам се загрева, крвта побргу циркулира во Вашето тело , со што си помагате во секојдневната борба на вашиот имунолошки систем 

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.