Топач на масти – Направи сам!

Вишокот маснотии претставуваат проблем на сите спортисти, но и на обичните луѓе. На пазарот има многу продукти кои нудат намалување на килограмите и топење маснотите, но колку сме сигурни дека тие производи како апчиња, прашаци и течности се безбедни?

Ние ќе Ви понудиме многу едноставен систем за топење маснотии, комбинирани со Вашите секојдневни вежби. Овие состојки се 100% природни и се содржани во сите топачи на масти, а притоа нема да се плашите од честите несакани последици.

 

Основни состојки:

 

  • – Кафе

 

  • – Зелен чај

 

  • – Чили зачин

 

  • – Цимет

 

 

Доколку би ги ставиле во блендер и би ги помешале овие состојки во еден напиток, тој ќе има многу лош вкус и Вие не би го пробале повеќе од еднаш. Затоа е направен систем на комбинација на состојките.

 

СИСТЕМОТ:

  •  Да започнеме со кафето, односно нас не интересира кофеинот кој што го содржи. Испијте го половина час пред тренинг, доколку пиете "турско" кафе ставете 1 полна лажичка, а ако повеќе преферирате инстант кафе (пр. Nescafe) ќе морате да употребите 2 лажици бидејќи содржи 1/3 помалку кофеин од обичното кафе. Кафето се пие само со вода, без притоа да се додаде млеко или шеќер, но не е проблем доколку го комбинирате со протеинскиот шејк. Ова може да го пиете и како прво нешто наутро, но најдобро е половина час пред било каков тренинг, бидејќи кофеинот ќе Ви даде сила да тренирате понапорно и да согорите многу масти додека вежбате.
  •  

 

  • – Зелениот чај се користи како попладневен пијалок, да се освежите и да се заситите за да не пробате некоја калорична ужина. Исто така можете да го пиете помеѓу ручекот и вечерата, со што ќе Ве држи во зоната на топење масти, а притоа да не Ве попречи да заспиете поради кофеинот што го содржи.

 

  • – Чилито се наоѓа како состојка во повеќето топачи на масти поради неговата способност да го забрза метаболизмот. Ставете врз Вашето пилешко или риба малку маслиново масло и зачинетего со чили, ова ќе и даде убав вкус за уживање на храната, а како секундарен ефект ќе Ви се забрза метаболизмот. Комбинирањето на зачинот ги претвара оброците во топачи на масти. 

 

  • – Циметот не е топач на масти, но го регулира нивото на шеќер во крвта и нивоата на инсулин, и со тоа помага Вашето тело да ја одржи состојбата на топење на маснотиите. Циметот има одличен вкус и без проблем може да се додаде во протеинскиот шејк, или во комбинација со овошната салата. 

Ова е комплетниот систем за топење на вишокот масти кој се користи секојдневно и извршува успешно намалување на мастите во комбинација со вежби за мускулна маса и кардио. Сите состојките се природни и се многу ефикасни.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.