Трчањето во место нема за цел совладување некакви растојанија,туку има лековита функција. Тешко е да се замисли пополезен метод за оздравување…
Трчањето е познато по своите исцелувачки особини,а за да станеме здрави,не е потребно да трчаме онака како што тоа го прават спортистите. Оздравувачкото трчање е сосема поинакво, односно за одржување на здравјето не е потребно претерано оптоварување на мускулите и срцето,состојба на замор и папсаност,што на крајот од натпреварувањето ја доживува секој спортист.
Трчањето ни е потребно за да ја вратиме животната вибрација на телото и да ги принудиме капеларите да се собираат,а за тоа не се поребни никакви исцрпувачки напори. Таквите напори не само што не се полезни туку може да бидат и штетни.
Лесното и незаменливо трчање во место е одлично средство за да го научиме својот организам да вибрира, што значи да ја стимулира циркулацијата и да ги натера капеларите да работат. Истото не само што ја стимулира циркулацијата,туку и ја прочистува крвта.
Трчањето во место одлично го вежба дишењето, но во исто време не бара тоа да биде интензивно и длабоко затоа што при трчањето со каскање, крвта одлично се збогатува со кислород.
Трчањето во место ќе биде се полесно и полесно со текот на времето, но контролирајте се себеси и не дозволувајте си да правите остри и нагли движења. Треба да се биде опуштен и мирен, само лесно и меко да се потскокнува, лесно да се подигаат стапалата од земјата.