Тренирајте како Роки Балбоа

Методите  Фартлег и Футинг се одлични за достигнување на општата физичка подготвеност. Сите ние го знаеме Роки Балбоа и неговиот специфичен тренинг во природа. Току и за тоа станува збор, Роки ги тренира токму ови две методи фартлег и футинг.

Фартлег метода

Потекнува од шведскиот збор фартлек, што значи игра на трчање односно игра во природа. Со примена на оваа метода се добива брзинска издржливост, а се применуваат спринтерски трчања, скокања и одење и трчање со умерено темпо. Со оваа метода секој сам си го дозира напорот и одморот. Произволно се менува темпото на движење и изведувањето на вежбите, условите на тренинг, локацијата на вежбање (шума, планина, река, езеро, море и сл.). Овој метод одлично влијае врз освежувањето на централниот нервен систем и релаксација на целиот организам.

Футинг метода

 Овој метод содржи многу сличности  со фартлег методот, со таа разлика што композицијата на елементи е посложена, затоа што покрај трчањата скокањата и одењето се применуваат и вежби за сила. Средствата за развој на силата  се избираат од животната средина во која се тренира, на пример: кревање и носење на товар, фрлање камен од рамо, сечење дрва, скокање преку грмушка,  скокање преку поточе, трчање по кал,  по ораница, по песок и слично, трчање  по нагорнина и надолнина. Овој метод најчесто го користат спортистите од боречките спортови (борачи, боксери, каратисти), кревачите на товар и други спортисти.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.