Стално се зборува за здравиот начин на исхрана, кој доминира како начин на живот и за него најмногу се зборува. Повеќе луѓето насекаде во светот, од сите возрасти и од сите сфери на животот знаат дека вежбањето е добро за нив. Се разбира, кога вежбањето е во комбинација со подобра исхрана ,резултатите ќе бидат по позитивни.
Во Македонија одењето во ТЕРЕТАНА е популарено кај луѓето, тоа е одлично, но заблудно е тоа што 95% од вежбачите изведуваат некаков си недефиниран тренинг за “МАСА” и вежба за “СЛАБЕЕЊЕ” со цел да се достигне некаков си УБАВ ИЗГЛЕД, но ретки се луѓето кој се фокусирани на тренирање за да се биде ФИТ.
ШТО Е ТОА ФИТ?
Фит е начин на живот, каде се надминува фактот за надворешниот изглед, и се фокусира на целокупната физичка подготвеност (издржливост, сила, брзина, флексибилност и сите останати моторички способности), што води кон подобро здравје и благосостојба.
Да се биде ФИТ, немора да се иде во ТЕРЕТАНА, едноставно оваа состојба може да се постигне и со трчање, велосипедизам, веслање, пливање итн…
Концептот да се биде “Здрав/a и Фит” има за цел да ве доведе во состојба да изгледате убаво, да се чувствувате убаво, превентивно да ги спречите сите заболувања и повреди, и да се посветите на начин на живот кој ќе ве доведе до длабока старост…
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ПРАВИТЕ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ “СОСТОЈБАТА ДА СЕ БИДЕ ФИТ” И “СОСТОЈБАТА ДА СЕ БИДЕ НАБИЛДАН”!!!