Тврда постела за здрав ‘рбет

Лежејќи на тврда постела,тежината на човековото тело рамномерно се распоредува,мускулите целосно се опуштаат, ’рбетот се исправува,се зголемуваат меѓу’рбетните растојанија, а со самото тоа крвните садови се ослободуваат од притисокот. Тоа значи дека ткивата и органите кои што не добиле храна во текот на денот,почнуваат слободно и обемно да се напојуваат со крв и со неа да добиваат се што им е неопходно. Како резултат на тоа, во текот на ноќта од организамот ќе се исфрлат сите отпадни материи коишто се насобрале во текот на денот и ќе дојде до природно оздравување.


Можеби на многумина меката  постела која наликува на нишалка им се чини поприманлива а тврдата постела непријатна, но со тоа тие му наштетуваат на своето здравје. Меката постела, само ќе го влоши исчашувањето на пршлените, додека пак тврдата ќе му овозможи на телото да биде во правилна хоризонтална положба која што е потребна за нормална циркулација на крвта, пршлените да не се искривуваат,да нема исчашувања а и со тоа  да нема избавување  на многу болести.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.