Универзалниот караткер на светиот слог Ом

Значењето кое се придавало на овој збор во древна Индија може да се види од следниот цитат:

Суштината на сите битија е земјата,

суштината на земјата е водата,

суштината на водата се билките,

суштината на билките е човекот,

суштината на човекот е говорот,

суштината на говорот е прозата,

суштината на прозата е поезијата,

суштината на поезијата е музиката.

“Музиката е најдобра од сите суштини, најголема, достојна на највисокото место” (Чендогја Упанишад)

 

Со други зборови:

Тајната сила и квалитетот на земјата и водата се згуснати и претворени во повисокиот организам на билката, силата на билката е згусната и претворена во човекот, силата на луѓето згусната е во способноста на ментална рефлексија и изразување во звучен еквивалент, кој комбинирано произведува внатрешни (појмовни) и надворешни (слушни) облици на животот..

Највредниот духовен израз на достигнување , од збирот на сите искуства е светото знаење во облик на поезијата и музиката. Поезијата е пофина од прозата,затоа што неизиниот ритам ствара повисоко единство и ѓи раскинува ланците на нашата свест, додека музиката е пофина од поезијата, затоа што не воздига над значењето на зборовите во состојба на интуитивна приемчивост.

Конечно и двете, ритамот и мелодијата наоѓаат синтеза и решение (кое може да изгледа како расеано за просечниот интелект) во една длабока и сеопшто земена вибрација на светиот слог Ом.

Овде се постигнува врвот на пирамидата, воздигнувајќи се од нивото на матријална разноликост (прости елементи) до точка на крајна еднообразност и духовност, која содржи скриени својства на сите предходни состојби, како семе или зачеток.

Во таа смисла ОМ е сржта, семениот слог на Универзумот.

Ом е користен во космичкиот паралелизам во светите церемонии на Ведите и станал еден од најважните симболи на Јогата.

Бидејќи е ослободен од мистицизмот и магијската света пракса, како и филозовските шпекулации на ранорелигиозните мисли, тој станува еден од суштинските средства во праксата на медитација и внатрешно соединување (што е вистинското значење на Јогата)

Така, од метафизички симбол Ом станал вид на психолошко орудие или средство за концентрација.

Како што пајакот се искачува по пајажината и стекнува слобода, така и Јогинот се искачува кон ослободувањето со помош на слогот Ом.”

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.