Вежбајте додека седите на компјутер!

Дали сте на фејсбук или на работа, можете да вежбате седејќи.

Заменете го столот со пилатес топка. Додека седите на пилатес топката за вежбање, Вашето тело нонстоп прави мали подесувања на постуралните мускули, стомачните, јадрените и мускулите на нозете.

Дали е ергономска?

Морате да ја земете вистинската големина на топката. Најчесто топките се со големина (дијаметар) 55 cm, 65 cm, и 75 cm. Работите што се на дофат треба секогаш да бидат малку под Вас, но никако да не бидат во агол од 90 степени, бидејќи ќе бидат напорни за користење. Но топката не треба да биде премногу висока за да не Ви висат нозете. Седењето на пилатес топка допрва влегува во мода, а се почесто се препорачува од страна на ортопедисти и фитнес инструктори.

 

Комфор

Кога ќе почнете да ја користите топката, на почетокот не треба да седите повеќе од половина час, но како изминуваа времето ќе може се повеќе и повеќе како што телото се прилагодува. На крај ќе можете да го поминете цело работно време од 8-10 седејќи правилно. Седењето на топката со сигурност помага со болките во грбот предизвикани од лошиот животен стил.

Колку за информација, кај нас најевтината можете да ја најдете во трговскиот центар Веро во Џамбо по цена од 299 ден. На друго место се од 700 до 1200 денари.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.