Вежбајте според програма, задолжително!

Колку пати сте застанале на сред теретена и не сте знаеле која вежба да ја правите?

Сте размислувале ли да почнете да вежбате некоја фитнес програма?

Започнувањето на некоја програма може да биде најдоброто нешто што би го направиле за Вашето здравје и за подобрување на Вашите перформанси. Лесно е да кажете дека ќе вежбате секој ден, но Ви треба план / програма за Вие навистина да го правите тоа без никакви оправдувања. Имајте ги следниве работи на ум:

 

*Одредете ги Вашите цели и обидете се да ги постигнете

*Тренирајте според Вешето темпо и напредувајте полека

*Вклучете разни активности како вкрстено тренирање, кардио и јога

*Одредете си време за опоравок како  измеѓу сериите така и 1 или 2 дена измеѓу деновите за тренинг

*Запишете го планот за вежбање на лист хартија бидејќи така ќе бидете повеќе мотивирани

Започнете и имајте ги следниве совети на ум:

Започнете полега и постепено напредувајте – Секогаш загревајте се пред и по вежбањето со малку кардио и истегнување. Тренингот треба да Ви биде од 30 до 60 минути.

Ако морате поделете го тренингот – 3 пати на ден по 15 минути може да биде дури и подобро ако се работи за аеробни активности.

Бидете креативни – доколку правите кардио, еднаш пешачете, следниот пат трчајте или возете велосипед.

Слушајте го телото – ако чуствувате  некаква болка, вртоглавица или отежнато дишење, направете пауза, можеби тренирате многу напорно.

Бидете флексибилни – ако не се чуствувате добро, земете си за право да одморите ден – два.

 

ЗАПИШУВАЈТЕ ГО И СЛЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ НАПРЕДОК

Забележувањето на се што правите може да биде од огромна корист за Вас. Ако вежбате кардио запишете за колку време сте истрачале и која била далечината. Дури и неколку секунди повеќе од пертходниот пат ќе делуваат мотивирачки за Вас.

Ако изгубите мотивација поставете нови цели или пробајте нови активности и разни порграми. Вежбањето со пријател или запишувањето на некој спорт може многу да помогне.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.