Вежби со партнер

Ако тренингот ви поминува бавно и досадно, еве една корисна идеа како да ја зголемите ефикасноста на тренингот, а и да поминете убаво време со убав човек. Можете да ја викнете вашата девојка, или за дамите дечкото и да вежбате во двојки. Доколку вашиот партнер/ка не е по спортот, тогаш слободно може да си викнете другарка, затоа што во вежбиве нема ништо безобразно или вулгарно.

1. Вежба за нозе
Земете ја девојката во раце, таа да ви послужи за дополнителна тежина, потоа клекнувајте одделно на секоја нога и целиот терет да падне врз мускулите на нозете. Препорачливи се 3 серии од по 12 повторивања за секоја нога, се разбира во зависност од тежината на вашата партнерка.

2. Вежби за стомак и раце
Девојката треба да легне врз пилатес топка, а во рацете да држи медицинска топка. Вежбата се реализира така што, при исправување ја подава топката на партнерот, а тој и’ ја враќа назад. Доволни се 2 серии од по 15 повторувања.

3. Вежби за бицепс
Застанувте со лице еден кон друг, земате крпа, ја фаќате крпата на каевите, а девојката ја фаќа на средина. Таа треба да ја крева крпата исто како тег, а вие да и’ обезбедите доволен притисок за таа да може да ја крева крпата, а во исто време движењето да биде глатко. Препорачливи се 3 серии од по 10 повторувања.

4. Склекови
Оваа вежба би требало да претставува машка варијанта на предходната вежба. Вежбата е едноставна за изведување, само внимавајте да не се посрамотите. Машкото се мести во позиција на склек, а девојката му седнува на грбот, така што тој треба да прави склекови со се неа. Повторувањата и овој пат зависат од тежината на партнерката, но во просек би биле доволни 3 серии од по 8 повторувања.

Доколку вашата форма е на високо ниво и ове вежби не ви се доволно, слободно импровизирајте, мали се шансите да погрешите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.