Сте размислувале ли некогаш да станете вегетаријанци? Треба да имате на ум дека вегетаријанството е најздрав начин на исхрана, со или без некои мали недостатоци.
Не треба да имате предрасуди за вегетаријанството, бидејќи постојат повеќе видови на вегетаријанска исхрана, а Вие само треба да одберете во кој сакате да спаѓате и за многу брзо време ќе осетите големи здравствени придобивки.
Не заборавајте, ние сме тоа шти јадеме!
ВЕГАНИ – ги избегнуваат сите животински продукти. Тие НЕ јадат јајца, млечни поризводи, а некои дури ни мед. Многу вегани ги избегнуваат сите производи направени од животинско потекло како кожа, крзно и волна.
ФРУТАРИЈАНЦИ – јадат само овошја, семиња, јаткасти плодови (ореви, лешници) и други делови од растението што е набрано без да се повреди растението.
ЛАКТО-ВЕГЕТАРИЈАНЦИ – покрај сите продукти од растително потекло, јадат млечни производи, но НЕ и јајца.
ОВО–ЛАКТО ВЕГЕТАРИЈАНЦИ – јадат и јајца и млечни производи. Ова е најбројната група на вегетаријанци.
ПЕСКО ВЕГЕТАРИЈАНЦИ – покрај растителни продукти јадат и риба. Ова Ви е попознато повеќе како посна исхрана.
ПОЛУ-ВЕГЕТАРИЈАНЦИ – јадат риба и птици како кокошка и мисирка, но НЕ јадат црвено и свинско месо.
МАКРОБИОТИЧАРИ – јадат храна во форма на цели зрна од житариците. Јадат храна произведена само по природен пат (органска храна) без додатоци на пестициди и вештачки ѓубрива. Понекогаш јадат и месо произведено по органски пат. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело брашно и ориз.
ФЛЕКСИТАРИЈАНЦИ – воглавно јадат производи од растително потекло, но понекогаш прават исклучочи и посегнуваат по месо и животински производи.