За да се изгледа млад во која било возраст, значи телото да се состои од млади клетки. Што е тоа што жената ја прави да изгледа уште поубава?
Здравите клетки се секогаш млади, додека исцрпените клетки се болни, стари и се во фаза на изумирање. Во текот на просечниот човечки живот, нашите клетки се делат околу 50 пати. Болните и повредените клетки се делат многу побрзо и со тоа процесот на стареење стапува многу побрзо.
Ако сакате на 50 год. да изгледате како да имате 35 год, потребно е да ја негувате клетката за да го достигне својот максимален живот. Следните витамини ќе Ви помогнат во таа намера.
Витамин Е
Ја одржува здрава масно-влажната средина на клеточните мембрани. Секое утро внесувајте 1 голема лажица ладно цедено маслиново масло. Иста така е многу добар за косата.
Селен
Во комбинација со витаминот Е секоја клетка формира непробијна барикада за слободните радикали, вирусите, бактериите и другите микроорганизми кои предизвикуваат предвремено стареење. Наутро со маслиновото масло внесете пивски квасец (богат е со селен) и свежо овошје.
Витамин А и каротин
Заштитете ги клетките од уништување. Доволната концентрација на каротин во ткивата дури и кај средновечните жени прави да изгледаат како да имаат 40 год. Внесувајте спанаќ, брокули, моркови, цвекло и кајсии бидејќи претставуваат шампиони во составот на каротин и задолжително да Ви бидат на менито на исхрана. Исто така витаминот А е добар за здрва и сјајна коса и кожа.
Магнезиум
Магнезиумот е вистински симбол на младоста и енергичноста. Внесувајте темно зелени зеленчуци бидејќи се богати со хлорофил кој во неговиот состав, главен елемент му е токму магнезиумот. Ова ќе направи да бидете активни и да се чуствувате свежи.
Фосфор и гликоза
Ова комбинација ја подобрува меморијата. Рибите, морските алги, леќата и јаткастите плодови содржат фосфор. Гликозата ја има во грозјето, сувото грозје, бананите и мандарините.
Витамин Б1, Б6 и Ц
Не оставајте можност за склероза. Овие витамини во комбинација со калциум, магнезиум и витамин Д ја намалува можноста за појава на артеросклероза.