Колку пати во животот сте искусиле ден во животот кога Ве болеле мускулите и сте чуствувале некорисно и неспособно? Сигурен сум дека тоа се случило многу пати, особено ако се занимавате со некоја физичка активност како некој спорт, работа низ дома и слично.
ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ВОСПАЛЕНИЕ НА МУСКУЛИТЕ?
Кога правиме промена на програмата, односно правиме вежба или обично движење кое предходно го немаме направено подолго време или воопшто, ние ги движиме мускулите вон нивната нормална граница. Штетата направена од издолжувањето на мускулот, се случува од видот на — трчење надолу по рид, вежбање на бицепсот, за време на спуштачката фаза од склекот и други движења, го предизвикува и воспалението во мускулите.
-Но што всушност се случува во мускулот?
Болката во мускулот е резултат на повреди внатре во мускулот, т.н. микро повреди и воспалението што следува со искинатите мускулни влакна. Колку подолго ја форсирате мускулната група или поединечниот мускул, толку поголемо ќе биде оштетувањето на ткивото. Нема поврзаност за тоа дека при воспалени мускули се губи мускулната сила.
СИМПТОМИ
Симптомите се појавуваат 24-48 часа по интензивниот тренинг, почнува да се чувствува мала болка во мускулите, за потоа да се претвори во поголема болка.
Првите 2 дена од појавувањето на воспалението, мускулите имаат најголема болка, но од 3-7 ден, таа константно се намалува.
КАКО ТЕРБА ДА ПОСТАПИТЕ?
Воспалението на мускулите не бара третман од страна на доктор, па затоа Вие треба да ги превземете следниве мерки:
-Никогаш не го вежбајте воспалениот мускул (додека болката не се намали 3-4 дена).
-Земете аспирин.
-Држете мраз на мраз на воспаленото место 15-20 минути, 3-4 пати на ден.
-Нежно истегнете го мускулот доколку можете се разбира
1. Масирајте со сунѓерест ролер. Користете тениско топче како алтернатива.
2. Лесни кардиоваскуларни вежби (џогинг)
КАКО ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ БОЛНОТО ВОСПАЛЕНИЕ?
– Зголемувајте го интензитетот на вежбање само постепено, 10% и ништо повеќе во текот на 1 недела!
-Одредете си 2 дена за одмор во текот на неделата.
-Оладете со лесни вежби и истегнувања по напорен тренинг или кардио.
-Туширајте се со ладна вода (кога е возможно).
Воспалението на мускули е нешто што не треба да Ве плаши, туку напротив треба да Ве мотивира, бидејќи тоа е показател дека се случува промена во мускулот и тој се стреми да ја совлада пречката што сте му ја поставиле. Микро повредите се причините за растот на мускулот.
За да изградите висока и цврста зграда, морате да ја срушите малата и нестабилна куќа, односно како поговорката "Тоа што неможе да ме убие, ме прави посилен".
Следниот пат кога ќе кревате тегови ќе се чуствувате посилни, но и ќе бидете, бидејќи сте ги присилиле мускулите да се справат со предизвикот, а само така ќе напредувате.