Повеќето од нас сме навикнати на суви смокви, бидејќи сезоната на смоквите е кратка – од крајот на летото до почетокот на есента – и овошјето само трае околу една недела по бербата. Обидете се да го доживеете вкусот на ова хранливо овошје.
Витамини и Минерали
Свежите смокви се хранливи плодови. Две големи свежи смокви имаат околу 100 калории, 48mg на калциум и 325mg на калиум, речиси 10 проценти од препорачаната дневна количина. Во споредба со еднакви количини на јаболка, банани, портокали, јагоди и грозје, смоквите се најбогати со растителни влакна, а второ највисока во калиум, калциум и витамин А. Смоквите се ослободени од натриум, масти и холестерол.
Растителни влакна
Смоквите се добар извор на растителни влакна. Две големи смокви обезбедуваат 4.5 г. растителни влакна, речиси 20 проценти од дневната препорачана количина 25 до 30 г. Иако влакната во храната не се апсорбираат од страна на телото, тие имаат важни здравствена улога. Растворливите растителни влакна кои ги има во свежите смокви – исто така се најдени во овес, јаболка, грашок, морков, јачмен и грав – го намалуваат нивото на холестерол и шеќер во крвта. Смоквите и другите растенија богати со растителни влакна, ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго, што може да ви помогне при слабеење – губење на тежината.
Антиоксиданси
И свежите и сувите смокви се одличен извор на фенол антиоксиданти, соединенија присутни во многу овошје и зеленчук кои ги штитат клетките од оксидативна штета што доведува до рак, срцеви заболувања и други болести.