Врската помеѓу храната и медикаментите

Одредени продукти, како што се на пример млекото, сувите сливи и триците, можат да влијаат врз апсорпцијата и метаболизмот на лековите, со што го уништува погодниот ефект од лековите врз здравјето.

Ефективноста од лековите е условена од повеќе фактори, меѓу кои најважни се: составот на оброците, степенот на исполнетост на желудникот и степенот на брзина на празнење на желудникот, капацитет на апсорпција на ќелиите на цревата, брзината на трансферот на активните супстанции во крвотокот, присуството на останати болести и генералното здравје на црниот дроб. Постојат различни комбинации на храна и лекови кои треба да се избегнуваат.

Научниците пронашле дека одреден вид на храна може да ја поремети функцијата на лековите. Така, солената храна може да ја намали ефективноста на лековите против депресија, одредено месо ја попречува терапијата против Паркинсоновата болест, млечните производи содржат голем процент на калциум, со што ја попречува апсорпцијата на лековите базирани на тетрациклин, зелката и брокулите го намалуваат ефектот на антикоагулансите, додека храната богата со железо како што е црниот дроб (џигерот) го намалува ефектот на пеницилинот и антихипертензиви,  лекови за висок крвен притисок.

Сливите и смоквите наспроти лековите

Ако се консумираат во големи количини, свежите сливи, сувите сливи и смоквите, го забрзуваат преминот во цревата преку користењето на влакната и сорбитолот, кои се содржани во горенаведените производи. Овие состојки не можат да бидат апсорбирани од страна на цревата и поради тоа стигаат во дебелото црево, каде ферментираат, создаваат гас и дујат. Поради ова лековите бргу се елиминираат од телото и ја губат својата ефикасност.

Спанаќот наспроти лековите

Железото во храна како што е спанаќот ја менува Ph вредноста во цревата и може да создаде нерастворливи соединенија  со лековите. На тој начин влијае врз оптималната апсорпција на активните компоненти. Железото влијае врз неколку класи на лекови и тоа: пеницилин, хормонална терапија, лековите за висок крвен притисок и слично.

Зелката и брокулите наспроти апчињата

Овие зеленчуци, богати со витамин К, би требало да бидат избегнувани од страна на сите луѓе кои земаат орална антикоагулантна терапија, дизајнирана да се раствори во крвта. Активните состојки во овој вид храна имаат слична хемиска структура како и лековите, па затоа почнуваат да се натпреваруваат помеѓу себе и со тоа погрешно го наведуваат организмот, кој сака да ги искористи состојките од храната наместо лековите. Ваквата реакција доведува ненадејна редукција (намалување) на ефикасноста на антикоагулантната терапија со зголемен ризик од создавање на процес на згрутчување на крвта.

Печено месо наспроти лековите

Печената храна бргу го неутрализира ефектот на теофилин, лек кој често се користи кај проблемите при дишењето, како што е астмата. Месото ја забрзува елиминацијата на активните состојки на лекот од крвта и со тоа ја намалува ефикасноста на лекот.

Млеко наспроти лековите

Калциумот во млекото може да создаде нерастворливи соединенија со одредени супстанции во лековите, што ја одредува неспособноста за апсорпција. Сите деривати на лекови на база на тетрациклин треба да се зимаат без млеко за да се спречи нивна неутрализација. Комбинацијата помеѓу лековите и млекото може да предизвика иритација на желудникот бидејќи млекото ја зголемува киселоста во дигестивниот тракт и поради тоа заштитниот филм на пилулите се разградува на погрешно место.

 

Леб од цело жито и трици наспроти лековите

Ако се користат во поголеми дози, храната со висок процент на влакна, има лаксативен ефект, забрзувајќи го на тој начин преодот на храната од цревата  преку дигестивниот тракт заедно со лековите. Поради тоа одредени активни супстанции или нутриенти ќе бидат апсорбирани во мали количини, што може да ја намали ефикасноста на лекот. Храната со влакна влијае врз некои антибиотици како што е пеницилинот.

Грејпфрут наспроти медикаментите

Повеќе од 20 видови на лекови, вклучувајќи ги седативите и лековите против вирусите, имаат негативно влијание кога ќе се комбинираат со сокот од грејпфрут. Нарингенин, фитонутриент содржан во сокот од грејпфрут, го блокира ензимот одговорен за метаболизмот на лекот, што доведува до насобирање на активните супстанции во телото до ниво кое може да биде токсично или да има негативен ефект.

 

Но, како и да е, постојат одредени прехранбени производи кои лечат за разлика од лековите или го намалуваат воспалението.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.