Направете го вашиот утрински оброк вкусен и незаборавен со дополнување на Овесните снегулки со здрава храна во вашиот сад. "Овесот е богат со растителни влакна, и содржи ХДЛ добар холестерол, протеини и железо.". Голем дел од луѓето кои ги користат овесните снегулки се навикнати да ги јадат на класичен начин само со млеко, но наша препорака е да пробате со вода или јогурт.
Доколку сакате да изгледате убаво и да ја задржите вашата линија, додадете врз овесните снегулки некоја од следните комбинации:
1. Додадете 2 лажички какао, неколку чреши и кокос
(комбинацијата од цреши и какао не само што е вкусна, таа е е и богата со многу антиоксиданси).
2. Додадете 2 лажички Путер од кикиритки и 2 лажички џем од Малини (или некое друго шумско овошје) – ова е одлична комбинација ќе го зголеми утринското ниво на белковини во вашиот организам)
3. Исецкајте половина јаболко, додадете кафеав шеќер, цимет, и морско оревче.
4. Исецкајте една праска, ставете јогурт, морско оревче и ореви.
5. Ставете 2 лажички путер од кикирики, 1 супена лажица мед и и 2 лажички какао
(Можете да додадете и исецкана банана за подобар вкус и повеќе калиум)- Исецкајте банана, ставете 10 зрнца аронија и една супена лажица мед.
Еве и некоја солена комбинација за доручек:
6. Додека правите кајгана , додадете овесни снегулки и некое парче сирење.
7. Засладете ги овесните снегулки со чаша јогурт и со две ситно исецкани варени јајца.
8. Направете таратор од јогурт и сецкана краставичка, засладени со овесни снегулки.
Имајте убав доручек….