Земете магнезиум после тренинг за да добите повеќе сила и да г озабрзате процесот на закрепнување по напорните тренинзи. Магнезиумот е една од најважните хранливи состојки за сите спортисти, без разлика дали се рекреативци или натпреварувачи, бидејќи нивото на магнезиум станува значително осиромаштено во нашиот организам по напорните тренинзи.
Во една нова студија од списанието journal Medicine and Science in Sports and Exercise, беше тестирано нивото на магнезиум и други електролити кај мажите откако се натпреваруваа во маратон. Резултатите покажаа дека магнезиумот е електролит, која беше најмногу исцрпен, проследено со калиум, и дека недостатокот на магнезиум резултираше со значително оксидативент стрес. Уште позагрижувачки, е тоа што, ниското ниво на магнезиум може да придонесе до промена на срцевата функција во левата комора, со што се зголемуваат ризиците кај тркачите за појава на срцеви аритмии (неправилни отчукувања на срцето).
Ова е една од првите студии која покажа дека ниското ниво на магнезиум поради исцрпување од напорните тренинзи, игра важна улога во изменетатана левата вентрикуларна функција. Соодветната количина на магнезиум ја намалува експресијата на гените кои произведуваат воспаление по интензивното вежбање. Магнезиум исто така го регулира нервниот и мускулниот тонус и е потребен во изобилна количини за мускулните контракции.
Дел од причината, поради која магнезиумот толку брзо се исцрпува за време на вежбањето е дека магнезиум исто така го регулира крвниот притисок и чувствителноста на инсулинот во организмот, а овие две активноста се зголемени за време на вежбањето.
Земете ја во предвид оваа студија, и запамтете дека соодветната количина на магнезиум е потребно за постигнување на оптимални атлетски перформанси, без разлика дали станува збор за силата или аеробен капацитет. Магнезиум може да го забрза закрепнувањето и да ви помогне да се заштитите од воспаление поради тоа како се регулира генската експресија. Истражувачите укажуваат на земање 500 mg магнезиум на ден за закрепнување и подобрување на перформансите.
Еве уште неколку совети за посленапорен тренинг.
ZMA за 30% повеќе тестостерон и хормон за раст
Спортска исхрана богата со Цинк, Магнезиум и Витамин Б6 (ZMA)