ZMA за 30% повеќе тестостерон и хормон за раст

ZMA е целосно природен суплемент направен од Магнезиум, Цинк и Б6 витаминот и сите тие заедно се многу значајни за биолошките процеси во телото.

Магнезиумот и цинкот се користат од страна на телото за интензивни физички активности и вежби. ZMA често е употребуван од страна на спортистите со цел да им помогне да ја зголемат мускулната сила и излачувањето на анаболните хормони. Според направените испитувања се тврди дека оваа комбинација на Mg+Zn+B6 го зголемува тестостеронот и хормонот за раст за околку 30%. Цинкот е главен катализатор за производство на тестостерон.

 

ZMA КАКО АЛТЕРНАТИВА ЗА СТЕРОИДИТЕ

Бидејќи е природен продукт, ZMA суплементите стануваат се поупотребувани од бодибилдерите како замена за стероидите и прохормонските продукти. ZMA суплементите не се забранети од атлетските комитети. ZMA може да се зима континуирано без паузи, за разлика од прохормоните кои мора да се земаат во циклуси. Тоа е така бидејќи прохормоните можат да го спречат излачувањето на тестостерон по подолго земање, па затоа мора да има циклус и на пауза. ZMA за разлика го потикнува излачувањето и освен можност за појавување на акни во многу ретки случаи, нема познати други нескани последици.

ZMA ЗА ПОДОБАР СОН

Кога ZMA е земан 30-60 минути пред спиење, а самиот сон се подобруваа и станува поживописен и без кошмари. Побрзото и подлабокото заспивање се уште една позитивна страна при користење на ZMA. Сонот е многу важен за спортистите и бодибилдерите. Сонот е периодот кога телото закрепнува, како и растот на мускулната маса и производството на хормони. Добриот сон секогаш дава подобри перформанси следното утро.

 

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ  НА ZMA СУПЛЕМЕНТОТ

Заборавете на скапите ZMA производи и направете си сами, но со претходна консултација со Вашиот матичен лекар, но бидејќи производите се природни најверојатно ќе Ви го одобри користењето.

 

Во најблиската аптека можете да ги купите состојките за ZMA:

– Магнезиум             400 – 500 мг. за мажи   и  300 – 400 мг. за жени.

– Цинк                        20 – 30 мг. за мажи       и   7-10 мг. за жени.

– Витамин Б6           10-11 мг. за мажи         и  18 – 20 мг. за жени.

 

ZMA најдобар ефект има кога се зема 30 пред спиење на празен стомак. Избегнувајте производи или суплементи кои содржат калциум бидејќи го попречуваат апсорбирањето на цинкот. Пијте го со 1 чаша вода.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.