Зошто спортистите се повредуваат??
Спортистите се повредуваат поради многу различни фактори. Овде може да се вклучат:
– – прекумерното оптоварување на мускулите,
– – прекумерното оптоварување на зглобовите,
– – намалено време на закрепнување (спортистите не им даваат на своите тела доволно одмор)
– – или едноставно поради опасноста од нивниот спорт.
Но ова не е најдобриот одговор и не ни нуди никаква информација за тоа како ние да се заштитиме од повредите.
Јас лично спортските повреди можам да ги поделам спрема периодот на тренирање во 3 фази:
– – Фаза во цикусот на спортската подготовка, односно тренажен процес
– – Фаза на натпреварување и
– – Фаза по завршување на спортската кариера
Во првата фаза (во тренажниот процес), може да настанат повреди поради неправино дозирање на тренингот. Многу е важно да го слушате вашиот тренер и да не експериментирате без негово знаење и без негова дозвола.
Во втората фаза повредите доаѓаат поради не доволна физичка подготвеност за натпревар и од преголема мотивација. Што ќе се случи доколку пред натпревар сте максимално мотивирани а вашата физичка подготвеност е драстично помала од вашите очекувања??? Ова можеда ве доведе до сериозни повреди доколку се исфорсирате повеќе од вашите можности.
Во третата фаза, се повредуваат голем дел од спортистите кои нагло ја завршуваат нивната кариера и одденес едноставно престануваат да тренираат. Тоа е најголемата грешка на спортистите. Затоа што до вчера вашите мускули и зглобови биле под огромен стрес а од денеска па натаму нагло им давате максимална слобода. При што миускулите и зглобовите се олабавуваат и се изложуваат на голем ризик од повреди. Затоа ве советувам никогаш да не се улежите нагло или доколку сакате да се откажете од вашиот спорт подобро е постепен да ја намалите физичката активност.
Но сепак голем број на повредите доаѓаат и од опасноста од контактни дуели во спортовите. Затао тренирајте го вашето тело да биде поцврсто и посилно.