Зошто треба да јадете здрава храна?

Јадењето добро балансирана, здрава исхрана, го заситува вашиот организам со многу есенцијални хранливи материи кои се потребни за правилна функција  во текот на денот. Здравата исхрана го одржува вашиот мозок активен, ви обезбедува доволно енергија и ги зајакнува коските и мускулите. Користењето здрава исхрана, исто така, може да ви помогне да ја контролирате вашата телесна тежина, да ги спречите хроничните болести и да се ослободите од стресот.

Подобрувањето на навиките за јадење и со одржување на добро балансирана исхрана со овошје, зеленчук, цели зрна, млечни производи, и посно месо може да ви помогне да ги спречите хроничните болести, како срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес и мозочен удар.

Храната го обезбедува вашето тело со енергија за да функционира правилно. Јаглехидратите се најважниот извор на енергија во вашето тело. Во вашиот дигестивен систем,  јаглехидратите се конвертираат во гликоза, шеќер кој се користи за енергија. Здравите јаглехидрати, како што се цели зрна, зеленчук, овошје и јаткестите плодови обезбедуваат хранливи материи, кои ви обезбедуваат  енергија за подолг временски период. Нездравите јаглени хидрати, како бел леб, колачи и газирани пијалаци може да ви обезбедат непосредна енергија за кратко време, но може и да ве направат да се чуствувате уморни по кратко време.

Редовното консумирање на овошје и зеленчук може да ви помогне успешно да ја контролирате вашите тежина. Храната богата со растителни влакна, исто така е здрава храна, која помага за намалување на телесната килажа. Растителните влакна ви помагаат да останете сити за подолг временски период, а со нејзе  внесувате помалку калории  и се чувствувате исполнети. 

Стресот истот може да влијае на вашиот имунолошки систем и да ве доведе до многу здравствени проблеми, како срцеви заболувања и мозочен удар. Здравата храна содржи витамини и хранливи материи кои може да го намалат стресот, вклучувајќи магнезиум, серотонин, и антиоксиданти. Магнезиумот ја намалува телесната реакција на стрес и се наоѓа во зеленчукот, овошјето, јаткестите плодови и морската храна. Слатките компири содржат серотонин кои ве расположува на природен начин.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.