Потребное е само да се следат пет едноставни правила
Правило # 1: Избегнувајте “Бели” јаглехидрати.
Сите видови на леб, ориз (вклучувајки и кафеав ориз), житарици, компири, тестенини, торти и колачи, похована храна (пилешки крилца).
Доколку се придржувате до ова правило, односно ги избегнувате споменатите хранливи материи и сите видови на тестенини, вашата диета ќе биде безбедна.
Правило # 2: Консумирајте ги истите неколку оброци, повторно и повторно.
Без оглед на тоа дали вашата цел е мускулна добивка или загуба на масти, јадењето на истите неколку оброци постојано, се смета за најефикасно. Затоа одбетете неколку продукти од трите групи на хранливи материи кои се наведени подоле, и искомбинирајте ги заедно за да го изградите секој оброк (доручек, ручек, вечера).
ПРОТЕИНИ:
- Белки од јајца (со едно цело јајце за вкус)
- Пилешки гради (стек) или копан
- Говедско месо
- Риба
- Свинско месо
МЕШУНКИ:
- Леќа
- Црн грав
- Пинто грав
- Соја
ЗЕЛЕНЧУК:
- Спанаќ
- Аспарагус
- Грашок
- Мешан Зеленчук
- Брокула
- Краставица
- Боранија
- (Печурки)
Јадете колку што сакате од овие продукти и обидете се тоа да биде едноставно.
Одберете три или четири оброци кои ќе ги консумирате постојано (доручек, ручек, вечера).
Примерок за распоред на оброците:
10:00am – Доручек
1:00pm – Ручек
5:00pm – Втор помал Ручек
6:00-9:00pm – Термини за тренинг
10:00pm – Вечера
12:00am – Чаша Црвено Вино
Идеја за оброк:
- Доручек: Две Белки од јајца и едно цело јајце, Варен Црн Грав во комбинавија со мешан Зеленчук
- Ручек: Телешко месо со мешан зеленчук, и пинто грав
- Вечера: Телешко месо, Леќа и мешан зеленчук
Запамтете го најважниот момент, дека оваа диета е конструирана на начин да биде ефективна, а не вкусна и гурманска.
Правило # 3: Немојте да пиете екстра калории.
Пијте големи количини на вода и незасладена чај, може и кафе (Предлагам користење на цимет заедно со кафето). Немојте да пиете млеко (вклучувајќи млеко од соја), нормално исто како и безалкохолни пијалаци, или овошен сок.
За оние кои се љубители на алкохол дозволено е Црвено Вино 1-2 чаши речиси секоја вечер. Но запамтете, не повеќе од 2 чаши Црвено вино на ден, и се препорачува да не се пие секоја вечер.
Правило # 4: Не јадете овошје.
На луѓето не им е потреба овошје шест дена во неделата, и тоа сигурно не преку текот на целата година.
Единствен исклучок во “правилото за не јадење на овошје” прават овашјата:
- Домати и
- Авокадо
Од кои, доколку се решите да ги косумирате треба да се јаде во умерени количини (не повеќе од еден оброк дневно).
Правило # 5: Земете еден слободен ден во неделата. (ден за мамење)
Се препорачува слободниот ден да биде во Сабота. Деозволено е да јадете све што ќе посакате.
Aко сакате Сникерс? Едноставно изедете 5 или јадете све додека не се онесвестите.
Можеби звучи парадоксично, но драматичниот зголемен внес на калории во овј ден ќе го забрза процесот на согорување на поткожните масти.