Разликата помеѓу “Сакам” и “Посакувам”

take-action-636x424

 

Ќе започнам со еден прекрасен цитат. “Љубовта не е збор, љубовта е акција.”

Ние често читаме убави квоти на интернет, но не ги применуваме во нашето секојдневие. Токму овде лежи одговорот за разликата помеѓу: што е она што се ПОСАКУВА, а што е тоа што се САКА. Сите ние имаме желби, односно посакување. Ако посакувањето остане само збор во нашата глава и не премине во сакање, никогаш нема да постане акција, што значи нема да премине во реализација.

САКАЊЕТО Е АКЦИЈА

Она што се сака, се изведува со љубов и со пасија и секогаш се достигнува. Затоа превземете акција, започнете веднаш со реализација, не се залажувајте со мечтаење, посакување и празни себе-ветувања.
Посакувањето е сон, време е да се разбудиме.

Време е да започнете да вложувате во себе и да направите промена. Затоа, обидетесе да го детектирате проблемот кој ве измачува и веднаш започнете да доминирате над него, наспроти проблемот ќе продолжи да доминира над вас.
Да, треба да сонуваме и да креираме голема визија за тоа што точно сакаме. Се надевам дека сите веќе имате визија.
Доколку ги читаме убавите цитати и само ги споделуваме на фејсбук, тие ќе останат ПОСАКУВАЊЕ. Но, доколку започнеме со применување на убавите цитати, тогаш тоа е свесен чин на акција, и тогаш правиме нешто што САКАМЕ.

Доколку ПОСАКАМЕ промена…. не не , да не се залажуваме.
Доколку САКАМЕ промена. (а верувам дека сакаме)

Тогаш Веќе сме ја направиле правата одлука во нашиот живот.
Затоа не размислувајте, почнете да саката, започнете со вложување во себе.

 

ПОМАЛКУ ПОСАКУВАЈТЕ, ПОВЕЌЕ САКАЈТЕ.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.