Дали правиш сè што е потребно за совршено тело?

На mojtrener.mk досега сме споделувале совети за здрава исхрана, вежбање, дисциплина. Сè се тоа важни работи во одржувањето на здрав и добар изглед. Денес ќе разговараме за една тема која иако е клучен дел од добриот изглед, многу ретко се спомнува. Денес ќе разговараме за одржувањето на влакната на телото.

Работните обврски и начинот на живот сами по себе го направија уредувањето на телото неизоствен дел од моето секојдневие. Сум пробал многу опции, имал и добри и лоши ситуации, а денес ќе споделам неколку совети од моите досегашни искуства.

Совет 1: Пред да започнеш со тримување, обавезно прво со тенок чешел исчешлај ги сите влакна во една насока. Така ќе се осигураш дека нема замрсени делови или чворови и лесно ќе можеш да ги потстрижиш.

Совет 2: Алатката која ќе ја користиш е од клучно значење! Погрижи се тримерот со кој го средуваш телото да е проверен и квалитетен. Моја срдечна препорака е TT2040 тримерот за тело на Philips. Го тестирам веќе два месеци и одлично се покажува.

philips1

Совет 3: Не сите влакна се уредуваат на ист начин. Влакната имаат различна должина и различна пристапност, затоа е потребно со посебно внимание да им се пристапи на соодветен начин. TT2040 на Philips доаѓа со пет додатоци за должина на влакната, како и систем за следење на контурите на кожата. Тоа значи дека системот за следење на контурите ги следи сите облини и површини на телото за прецизно постигнување на изгледот што сакаш да го добиеш, дури и во најсензитивните делови од телото.  

Совет 4: За разлика од кога го бричиш лицето, уредувањето на влакната на телото треба да оди во спротивна насока – спротивно од насоката на растење на влакната. Со тримерот TT2040 на Philips не мораш да се грижиш ни за воспаленија на кожата, системот за удобност на кожата ги дофаќа и ги пресекува влакната со различна должина без потреба од разновидни алатки и контакт со кожата со острите рабови. Двонасочните апарати за пoтстрижување ги отсекуваат долгите влакна за мазни резултати при бричењето.

philips2

Совет 5: Пробај ексфолиација. Можеш да го направиш во секој козметички салон, а многу ќе ти помогне во спречувањето на внатрешни влакна и одржување на нежна кожа.

Совет 6: Редовно грижи се за влакната на твоето тело. Не реагирај само кога ќе стане премногу доцна. Philips TT2040 тримерот за тело е лесен и практичен, можеш да го носиш секаде со себе, а истовремено е водоотпорен па можеш да го користиш и под туш.

philips1

Да, само шест совети, толку е едноставно и лесно. Сподели ги твоите искуства за одржување на телото во коментар под овој пост или пиши ми доколку ти се потребни повеќе информации.

Се читаме!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.