Применувајте ги овие 4 видови на храна во вашата секојдневна исхрана за подобро здравје, едноставно нема ништо поубаво од тоа да се грижите за своето срце.
Лосос – Оваа риба е богата со омега 3 киселини кои помагаат за намалувањето на крвниот притисок, намалување на холестеролот, спречување на стврднување на ѕидот на артериите и вените, ги зајакнува кардиоваскуларните мускули и го обновува оштетеното кардиоваскуларно ткиво.
Бадеми – бадемите се сметаат за една од поздравите храни за срцето, бидејќи тие го намалуваат нивото на LDL односно на лошиот холестерол во вашето тело. Високото ниво на LDL холестерол ги зголемува шансите за добивање на срцеви заболувања.
Спанаќ – И покрај тоа што Попај вели, од спанаќот нема да ви пораснат вашите подлактици, но тој ќе се бори против протеини хомоцистеин(крвен протеин)кој ги оштетува артериите. Витаминита А и Ц, исто така помагаат при намалувањето на холестерол во крвта и се спротиставуваат на слободните радикали
Боровинки – Тие можеби се мали на изглед, но боровинки се полни со антиоксиданти кој успешно се борат против слободните радикали Тие се особено ефикасни при заштитата на клетки на крвните садови и успешно го контролираат на протокот на крвта, го намалува нивото на стрес во срцето.