Со пливање до помалку стрес

Пливањето се смета за здрава и релаксирачка физичка активност, која нуди одличен кардиоваскуларен тренинг. Покрај тоа, таа исто така го зајакнува срцевиот мускул и го зголемува капацитетот на абсорбција на кислород.

Пливање како активност е погодно за смирување на вашиот ум од стрес и напнатост, потрошувајки го големото ниво на енергија, во голема мера. Пливањето е спорт кој се изведува во легната позиција и во водена средина, пријатна за човечкото тело кое е составено 75% од вода.

Пливањето е една целосно комплетирана динамичка медитација, која директно ги подобрува физичките и психичките квалитетите. Првично гледано, во пливањето се врши целосна контрола врз системот за дишење.Дишењето се изведува свесно и без да се заморуваме и напрегаме, вдишуваме низ уста а издишувајки истовремено низ уста и низ нос. Со свесното и контолирано двишење во пливањето дејствуваме смирувачки врз нервниот систем. Се отстрануваат негативни психофизички состојби (несоница, дремливост, летаргија, анксиозност, замор и други) и се подобрува активноста на мозокот. Срцето добива нежна масажа и се подобрува неговата функционалност.

Покрај контролираното дишење, свесноста при пливање се сведува и врз концентрацијата на синхронизираните телесни движења со рацете и нозете. Немајки време умот  да размислува на проблемите, тогаш  автоматски се наоѓа во медитативна состојба каде нема собраќај на мисли и сите проблеми исчезнуваат.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.