Шумската јагода расте во реони на листопадни,дабови и букови шуми, на ридовите покрај шумите и покрај патиштата.
Шумската јагода го намалува зголемениот крвен притисок, ги намалува масните наслаги во крвните садови, ја зголемува диурезата, ги остранува тешкотиите кај гастродуоденалниот чир, го зајакнува организмот, лекува скорбут итн. Листот од јагодката, поради содржината на танини, е вазодилататор и хипотензив, благ диуретик, а надворешно во свежа состојба листот се користи за зараснување на рани. Се користи кај Алергии, за зајакнување на имунитетот, прочистување на крвта и др.
Свежи плодови, земени во текот на денот во количина од 250 -500 гр. Многу половно делуваат на функцијата на жолчката и кај равматските заболувања.
Чај од листот од шумска јагода:
20гр. Суви и иситнети листови се прелеваат со шоља врела вода, оставете ги во поклопен сад 2 часа и потоа процедете ги. Чајот се зема во голтки повеќе пати во текот на денот.