Амино киселините кои се произведуваат во телото се нарекуваат "не-есенциални", и има 10 видови на амино киселини кои нашето тело не ги произведува, кои ги внесуваме преку протеинска исхрана,и ги нарекуваме "есенциални". Сепак, двата вида се од витално значење,. Амино киселините може да се најдат во протеините на: месо, риба, јајца, сирење,грав, житарици и сирење.
Лизин
Јајца, сирење, риба, млеко, компири, црвено месо, производи од соја, и квасец се добар извор на лизин. Повеќето луѓе внесуваат доволно лизин преку оваа исхрана, но вегетаријанците или оние на ниско протеинска исхрана можеби и не внесуваат доволно. Од недостатокот на лиин, Симптомите вклучуваат: губење на косата, репродуктивни нарушувања, слаб апетит, недостаток на енергија и способноста да се концентрира, крвави очи. Работата на лизинот е да помогне при формирање на антитела, помага при апсорбирање на калциум, и помага при претворање на масните киселини во енергија. Таа, исто така придонесува за намалување на холестеролот.
Триптофан
За луѓето со депресија, храната со триптофан може да биде корисна. Триптофанот е амино киселина која е, исто така, претходник на серотонинот, тоа е хемикалија која ја лачи мозокот која го регулира расположението на човекот. Храна богата со триптофан е: млеко, оревите, гравот ,риба, јајца, јогурт и месо од мисирка.
Изолеуцин
Изолеуцин е разгранет-синџир на аминокиселините, кој им помага при опоравување на мускулите по напорна активност. Изолеуцинот ја подобрува издржливоста и го зголемува нивото на енергија. Изолицинот помага при регулирање на шеќерот во крвта, вклучувајќи ги спречувањето на знаци на хипогликемија како вртоглавица, замор, депресија, конфузија и раздразливост. Храна која е богата со протеини и содржат многу изолеуцин: ореви, семки, месо, риба, јајца, леќа, грашок и соја.
Хистидин
Само мала количина на хистидин се произведува во нашето тело.Треба да се внесува преку исхраната:Месо и млечни производи, ориз, жито и 'рж. Целта на хистидинот е да ги развива и одржува здравите ткива, помага да се произведат црвени и бели крвни зрнца, и го подобрува преносот на невротрансмитерите. Внесот на хистидин треба да биде регулиран: поради што преголем внес на хистидин е поврзано со анксиозноста и шизофрениј.