Што е разликата помеѓу Протеин и амино киселини?

 

Во нашето тело има повеќе од 50,000 различни протеини. Тие се изградени од  22 различни амино киселини. Нашето тело може да создаде природно само 14 видовви кој се не есенциални, и 8 видови кој неможат да бидат произведени во нашиот организам кој се есенциални и мораде да ги внесуваме преку исхрана.

Протеините можат да се најде во повеќето  видови на храна, вклучувајќи месо, млечни производи, грав, ореви и житни производи. Протеинот е од суштинско значење за изградба на коските, мускулите, кожата и крвта, според USDA. Птотенот, исто така има голема поврзаност со ензимите, хормоните и имунолошките функции. Но, не сите протеини се подеднакво здрави. Изборот на протеини од  животинско потекло во правилна количина, ќе ви помогне да ги задоволите вашите хранливи потреби.

Амино киселините се блокови кои го градат протеинот. Есенцијалните амино киселини не можат да бидат произведени од страна на човечкото тело, и мора да се внесуваат со исхраната. За разлика од мастите и јаглените хидрати, протеинот не се складира лесно во телото и треба да се консумира секојдневно.

Квалитетот на протеините е важен исто како и количината.

Изворот на протеини што ги содржи сите есенцијални амино киселини се сметаат за комплетен. Такви извори на протеини се риба, месо и млечни производи. Месото и млечните производи се често богата со заситени масти, кои го зголемуваат нивото на лошиот холестерол и ризикот од срцеви заболувања. Најдобар  извор на протеини се ниско-масни млечни производи, посното месо и морска храна. Морска храна, вклучувајќи риби треба да се јаде за неделно три пати поради тоа што е богата со здрави омега-3 масти. Како опција можете да конзумирате  лосос, харинга, сардини, и пастрмка.

Протеини за вегетаријанци.

Вегетаријанците се уште можат да ги задоволат нивните протеински потреби, без конзумирање  на месо  и млечни производи. Вегетарјанците внесуваат протеини преку јадење на ореви, семки, зрнеста храна и  соја при што внесуваат  помалку заситени масти.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.