Несакани ефекти од Јо-Јо диетите

 

Јо-јо ефектот е честа последица од неправилни и екстремни диети. Едноставно кажано, доколку изгубите  голема количина на тежина за краток временски период, потоа ја прекинете диетата и си продолжите да си јадете како порано, тогаш вишокот на килограми ке ги вратите назад. За да не дојде до вакви несакани  ситуации, треба да се слабее  од 0.5 до 1 килограм неделно или повеќе од 10 проценти од вашата актуелна тежина во период од шест месеци.

 

Научете да јадете правилно

Еден од проблемите со јо-јо диетите е тоа што  не ве учат ништо за тоа како да јадеме правилно. Всушност, јо-јо диетите ја зајакнуваат идејата дека единствениот начин за да се ослабе е да се гладува. Вклучување на поздрава, и повеќе урамнотежена исхрана може да ви помогне да  ја намалите телесната тежина на правилен начин.

 

Да ја изгубите самодовербата

Од Јо-јо диетите може да имате голема промена врз вашата самодоверба и може да се чувствувате немоќни и засрамени. Таа, исто така може да доведе до посериозни емоционални проблеми. Како што ја губите телесната тежина,  така да се чувствувате подобро и посилно. Но кога ќе ги вратите вишокот на килограми, можеби ќе се чувствуваат понижени и слаби.

 

Му правите стрес на вашиот мозок

Диетиие влијаат на ничонот на кој  вашиот мозок и вашето тело реагираат на стрес. Како резултат на тоа, вашето тело произведува повеќе кортикостерон, хормон на стресот, и имате помалку отпор кон депресија и други емоционални прашања. Јо-јо диетата е уште полоша, бидејќи тоа се повторува моделот одново и одново. Со текот на времето, ова може да предизвика мозокот да реагира на стрес на помалку здрав начин – со предизвиње на  емоционално јадење или склоност кон јадење.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.