Ефикасноста на ензимот бромелин

 

(Бромелаин) Бромелин е ензим  кој служи за варење на протеините во дигестивниот систем. Бромелинот произлегува од стеблото и сокот од ананас.Сокот од ананас обезбедува Бромелин и содржи витамин Ц, Б-витамини, манган и растителни влакна. Бромелинот долго време се користи во Централна и Јужна Америка за лекување на различни здравствени проблеми. Германската “комисија Е” го одобрила бромелинот во 1993 година за негова употреба како природен додаток. Главната ефикасност е на дигестивниот процес и имунолошкиот систем.Но како и многу други  видови на природни лекови,  неговите ефекти може да бидат малку непредвидливи.

 

Варење на храната

Главната цел на Бромелинот е да помогне во варењето на протеините, кои може да ги намали  болките во желудецот и киселините, особено кога се користи во комбинација со ензимот амилаза за за варење на скробот и ензимот липаза за варење на мастите. Според Универзитетот во Мериленд ,Медицинскиот центар, направени  се истражувања врз животни, кој исто така, укажуваат дека бромелинот може да помогне да се контролираат воспалителните болести на цревата и дијареата предизвикана од бактерии.

Воспаление

Прелиминарните истражувања покажале дека бромелинот кој го внесуваме преку устата може да го намали воспалението и болката поврзана со тетивите и зглобовите. Исто така може да се користи за ублажување на висока температура и синусните воспалениа.

Артритис

Студиите спроведени врз основа на односот помеѓу бромелин и артритис покажаа мешани резултати, но според UMMC, една студија ни укажува на тоа дека комбинацијата на бромелин, рутосид и трипсин е толку ефикасна, каде вообичаено се користи како лек за намалување на болката поврзани со остеоартритис. Друга студија сугерира дека бромелинот може да ја намали болката на ревматоиден артритис.

Болка и повреди

Некои истражувања покажуваат дека бромелинот може да го намали отокот, модринките, и може да придонес побрзо закрепнување и намалување на болките по оперативен зафат и физички повреди. Постојат индикации дека бромелинот може да ги намали болките во коленото и појавата на осип.

Рани и изгореници

Според UMMC, некои студии на животни укажуваат на тоа дека бромелинот може да биде корисен во отстранувањето на мртвото ткиво од изгореници од трет степен, кога се нанесува на површината на кожата. Бромелинот, исто така може да се примени за да се намали отокот од каснувања од инсекти и осила.

Инфекција

Доказите покажуваат дека бромелинот е антивирусен и антибактериски агент кој може да се корисен  како додаток за конвенционален третман на бронхитис, пневмонија и инфекции на уринарниот тракт. Но сепак се потребни дополнителни студии за да се поткрепат овие бенефиции.

Екстракт од ананас

Екстракти од ананас се достапени во форма на таблетки или капсула да се земе како додаток. Износите кои се потребни за здравствена корист е тешко да се добијат од  сок и овошје. На Универзитетот во Мериленд – Медицинскиот центар објаснува дека 500 mg на ден поделено меѓу оброците се препорачува за дигестивна помош, 500 mg четири пати дневно консумира на празен стомак за повреди и 500 до 2.000 mg во 2 дози секој ден се препорачува за артритис.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.