По неколку дена редовен кардио тренинг и уште неколку тренинзи со тегови, последователно е да му дадете на вашето тело одмор. Ова е вистинскиот потег што требате да го направите особено ако вашите мускули се чувствуваат крути, воспалени и преморени. Но, денот за одмор не е изговор за да лежите во кревет по цел ден и да јадете бонбони. Користете го ова време грижејки се за вашето тело ,и правете работи што ќе ви припомогнат при закрепнувањето, ова ќе направи вашиот следен тренинг да биде по лесен ида се осеќате полни со енергија и сила!
Понекогаш најдобар начин да се справите со болкате во мускулите е да се занесете малку. Допуштете си терапевтска масажа или спортска масажа. Ако масажата е надвор од вашиот буџет, користете сунгерест ролер кој ке ги олабави вашите мускули.
Направете лесен кардио тренинг
Иако е важно да се даде на вашето тело одмор, вие не мора да се излежавате во текот на целиот ден. Лесниот кардио тренинг прави да ја зголемиме срцевата фрекфенција и крвта да тече низ нашето тело, при што ќе донесат кислород и хранливи материи за да мускулите се одморат побргу. Доколку сте повредени или имаат затегнати мускули, станете и раздвижете се малку! Користете го овој ден да се шетаат во природ или одете на лежерно пливање.
Калење на телото со ладно и топло
Кога болката и воспалението во мускулите е поизразена, можете да ја намалите со ладни облози. Откако ќе го намали воспалението, ништо не ги опушта и стоплува мускулите како време поминато во сауна, парна соба, или џакузи.
Тренингот за флексибилност треба да биде дел од секоја физичка активност. Лесното истегнување и јогата помагаат на телото да биде по флексибилно – Истегнувањето е многу важно кога мускулите се чувствуваат напнати, преморени, и воспшалени! Пред да го изведете истегнувањето не заборавјте да се загреете доволно.
Воспалението на мускулите се ублажува со јадење протеинска исхрана по вашето вежбање. Истражувањата откриле дека со конзумирање на пијалоци кои содржат протеини помогаат да се намалат болките во мускулите подобро од напитоците кои содржат јаглени хидрати. Затоа кога одмарате започнете го денот со некои грчки јогурт, а потоа јадете пилешко и риба во текот на денот.