Водата како темел на нашиот начин на живеење

 

Водата е универзален растворувач. Нашето тело содржи 80% вода. Таа е неопходна за нашите бубрези да ја прочистуваат крвта и да ги исфрлаат отровите преку урината. Водата е потребна за кожата да биде- мазна и свежа. Секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира.

Недоволното внесување на вода ,може да не доведе до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е оневозможено. И најмалата дехидратација носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор и сл. Дури и коските мора да имаат определено количество на вода за да ја сочуваат својата еластичност и трајност.

Потрудете се секој ден да испиете најмалку шест чаши вода меѓу оброците(преку лето и повеќе). Наутро испијте две чаши на празен стомак или пред појадок(водата не би требало да биде студена). На тој начин ќе го прочистите желудникот од слузта што се создава во него преку ноќта. Земете уште две чаши вода пред ручек и две пред вечера. Меѓу сите пиења секогаш одберете ја водата!

Користете ја водата колку што можете повеќе, но во секој случај не пропуштајте топла бања навечер за да се релаксирате пред спиење.

Изобилната употреба на вода надворешно и внатрешно е добра здравствена навика што може да спречи, па дури и да излечи многу болести.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.