Диетата на Др. Аткинс

 

Оваа диета се базира на забранува на внес на јаглехидрати во организмот, при што му помага на телото да се ослободи од вишокот на килограми. Во текот на оваа диета нема да бидете гладни, не мора да јадете само три пати на ден, храната не треба да ја мерите и посебно да се подготвуваат оброците, не мора да пиете чаеви и таблети против зголемен апетит.

Како делува: Со целосно исфрлање на јаглехидратите од исхраната, нашите наслаги на сало почнуваат да се топат. Во првите шест дена ќе изгубите 5 кг. А секој нареден ден сте полесни за 1 кг. За 24 дена можете да изгубите 20 кг.

НО, ВНИМАВАЈТЕ

Ако само еднаш изедете парче леб или било каква ситница која содржи јаглехидрати, организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги. Не смее да се јаде храна  која содржи јаглехидрати.

Доколку имате проблеми со Срцеви заболувања, Диабетес, Покачен Холестерол и доколку ја применувате оваа диета повеќе од 20 дена, има шанси да се појават негативни симптоми и да дојде до сериозно нарушување на дравјето.

Храна која смеете да ја јадете

Сите видови месо: Телешко, пилешко, јунешко, сите видови рибини конзерви.

Сите видови салати: свежа-зелена, домати, свежи или печени пиперки, краставици, свежа или кисела зелка, цвекло салата. Сите салати се зачинуваат со масло, оцет, сол, бибер по желба.Можете да јадете јајца на сите  начии

Сите видови зеленчук: Цвекло, спањак, карфиолч, праз, кромид, зелка,  домат, магданос, моркови, целер, печурки.

Може да се пие:  минерална вода,  лимон, црно кафе,  ците видови чај без шекер, .Наместо шеќер – Натрен.

Храна која е забранета да се јаде:

Леб, брашно, ориз, компир, грашок, соја, перзла, похувано месо, тестенини, лешници, кикирики, виршли, запржни јадења – никако.

Млечни производи: Млеко , путер, кисело млеко и павлака, јогурт, маргарин, шлаг, шеќер, чоколадо, разни грицки солени и слатки,  сладолед, ниту еден вид на сирење,  ништо од овошје.

За да ја надополните потребата за горенаведената храна, земајте витамини и тоа : Ц, Е, А, Б,  Калциум, Магнезиум…

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.