Сувотот грозје неопходно за спортистите

 

Сувотото грозје, е концентрирана исхрана, богата со растителни влакна и има антиоксидантни својства. Сувото грозје е здрав додаток  во исхраната и е добар извор на енергија за спортистите. Се препорачува пред тренинг 50 гр. суво грозје.

Есенцијални витамини и минерали

Сувото грозје содржи витамин Ц, К и Б-6. Исто така е извор на калциум, железо, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Во 50 гр. Суво грозје има 352 mg на калиум. Калиумот ви помага да се регулира балансот на течности и минерали во вашето тело, што придонесува за здрава мускулна функција, и ги подобрува крвниот притисок и варењето на храната.

 

Макронутриенти и калории

Во 50гр. суво грозје, ќе добиете 138 калории без маснотии или холестерол. Во 50 гр. Сувото грозје содржи 42g на енергија за производство на јаглехидрати. Исто така содржи 2 гр. растителни влакна. Растителните Влакна помагаат при варењето на храната и за здравјето на дебелото црево. Растителните влакна, може да придонесат за намалување на холестеролот и за подобрување на здравјето на срцето.

Други бенефиции

Сувото грозје е извор на флавоноиди и фенолни антиоксиданси, кој можат да помогнат да се намали влијанието на слободните радикали, да го зацврстат вашиот имунитет и да го намали развојот на болести. Сувото грозје е еден од најдобрите извори на минералот бор, кој го поддржува здравјето на коските и може  да спречи артритис. Соединение во суво грозје, познат како фруктан, е пребиотик. Пребиотик кој му  дава  поддршка на дигестивното здравје со промовирање на растот на здравите бактерии во дебелото црево.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.