Чајот е закрепувачка напивка и во зимските денови и во текот на летните горештини. Има многу малку калории : една голема чаша чај содржи само 4 калории. Во него има и мало количество на витамини , а секојдневната употреба го покачува тонусот на организамот,ја враќа силата по вонредни напори и му помага на организамот да оздрави.
Умерено употребен , чајот предизвикува многу пријатно расположение,поттикнува на работа,ги надразнува и јакне телото и духот. Дејството на чајот претежно се состои во влијанието на кофеинот и танинот.
Чајот е противотров, добредојден во случаи на труење со тешки метали и со алкалоиди. Квалитетот на чајот зависи од начинот на подготвувањето, но и од водата што ја употребуваме за варењето на чај. Највкусен чај се добива кога се подготвува со мека вода. Тврдата, варовната вода, а особено водата што содржи железо му дава на чајот непријатен вкус. Таквата вода треба претходно да се проврие.
За подготвување на квалитетен чај од значење е и сушените растенија да се чуваат добро затворени во стаклени, картонски или порцелански садови, на ладно, темно и суво место. Секоја година растенијата треба да се менуваат, да се фрлат оние што стојат долго време и да се дополнат со нови, свежо исушени, зашто тие по извесно време ја губат лековитоста, дури и кога се најдобро складирани. Во тегли може да се ставаат само сосема суви растенија.
Ако не сте сосема добар познавач на растенијата во својот крај, подобро е да не ги берете сами, туку со нив да се снабдувате во аптеките за лековити растенија.