Сигурно сте слушнале за овие билки (Липа, Слез , Анасон, Мајчина душичка, Жалфија, Ајдучка трева, Нане, Коприви), но не сте знаеле која од нив за што служи , сега имате шанси да дознаете нешто повеќе за нивните лековити способности:
Липа – лекува настинка,бронхијални тегоби,несоница и нервроза,болки во стомакот и тешко варење. Посебно погодна е за предизвикување потење.Кога ќе се измеша со камилица и нане , се добива одлична напивка против несоница,напнатост и тешко варење.За ефикасно смирување на нервозни состојби,добра е мешавина од липа со камилица,валеријана и лисја од портокал што се прелева со провриена вода,се остава да стои цела ноќ и потоа се пие.
Слез – се користи за лекување на стомачни и цревни заболувања , кажлица , воспаление на грлото и устата , инефкција на очите и затнати дишни патишта.
Анасонот – лекува тешко варење , кашлица , астма , слабост, цревни гасови,тешко дишење , како и тешко излачување на млеко кај доилките.
Мајчина душичка – ароматичен зачин што се употребува многу во кујната , додека неговата употреба во медицината е малку запоставена. Сируп против кашлица се подготвува од екстракт од мајчина душичка измешана со мед. Чајот од ова растение со мед е добар за решавање на проблеми со бронхиите. Дејствува антисептично , го запира развојот на микроорганизмите.
Жалфија –лекува нарушувања на работата на срцето и на нервите,менструалните тегоби,воспаление на устата и грлото,воспаление на цревата,претераното потење.
Ајдучка трева – Најчесто се користи за поттикнување на апетитот , како благо средство за запирање на крвавење ( на пр. Хемороиди), како средство против стомачни грчеви,против воспаление на жолчното ќесе,катар за желудникот и на цревата.Облоги пак се применуваат за смирување на вопаленија.
Нане – ги смирува нервите но и го подобрува изгледот и тенот. Ја поттикнува работата на органите за варење.Го отстранува непријатниот мирис од устата , ги
релаксира мазните мускули.
Коприви – Ја поттикнува размената на материите во организмот и ја подобрува крвната слика.