Костените имаат голема калорична вредност и се препорачуваат како додаток во детската исхрана, кај повозрасните лица и за сите што се изложени на поголем физички и интелектуален напор. Тие содржат многу малку масти за разлика од оревите и бадемите, а многу растителни влакна и се полни со минерали- магнезиум, калиум, бакар, фосфор, манган железо и многу витамини. Костените се единствените јаткасти плодови кои содржат витамин Ц. Јагленохидратите кои ги содржи костенот може сосема да се изедначат со тие во пченицата и оризот. Костените имаат два пати повеќе скроб од компирот.
Може да се јаде печен или варен. Исто така костените можат да се сушат и потоа да се сомелат во брашно кое потоа може да се употребува за правење леб, палачинки, тестенини и сл. Ова брашно се основната состојка со која се подготвува оригиналната палента.
Варениот костен има многу минерални состојки, додека печениот костен има поголема енергетска вредност, белковини, како и двојно повеќе јагленохидрати.