Секој човек треба да му биде благодарен на постоењето на ова извонредно лековито растение,затоа што со употреба на истото многумина ги излекувале своите настинки,кашлици,грчеви во желудникот…
Честопати не сме ни свесни дека лукот не е само производ или градинарска култура,туку цел магацин на здравјето.Секако, лукот не треба да се јаде без мера и само со него да се храниме. Тој сепак е зачин, но неговата светска слава е проверувана со векови, а лош збор за него досега не е чуен.
Кратка историја
Ако погледнеме уште во стариот Рим, античка Грција, Египет, Асирија, Индија, Кина, сите јаделе лук. Народните лекари од овие стари држави уште тогаш го препорачувале како најлековито растение, познато по своите магични и зачудувачки својства. Така староримскиот лекар Диоскорид (кој живеел во првиот век од новата ера) прв го споменал лукот, како лековито средство и укажал на медицинската примена –за олеснување на грчеви во желудникот. Според одредени записи, во Грција тој се применувал за против каснување од змија и го нарекувале”змиска трева” како и тоа дека старогрчките атлети пред тренинг земале ”допинг”-џвакале лук. Истиот бил основен извор на сила и енергија за робовите во стариот Египет.
На сметка на лукот постои и еден запис од 1720год.-тој и оцетот спасиле илјадница жители на Марсеј од распространетата епидемија на чума…
Сулфур
Лукот е едно од малобројните растенија коешто содржи сулфур, кој му е толку потребен на човекот. Во другите производи од растително потекло, сулфурот го има многу малку или воопшто го нема. Ваквиот недостиг може да доведе до тешки последици по човековото здравје.
Хемиски состав на Лукот :
Хранливи материи во 100гр | Микроелементи во 100гр | Макроелементи во 100гр | |||
Белковини |
6,5 гр |
Јод |
9 мкг |
Железо |
1,5 мг |
Кобалт |
9 мкг |
Калциум |
60 мг |
||
Манган |
810 мкг |
Калиум |
260 мг |
||
Јаглени хидрати |
5,2 гр |
Бакар |
130 мкг |
Магнезиум |
30 мг |
Цинк |
1 025 мкг |
Натриум |
80 мг |
||
Фосфор |
100 мг |
||||
Хлор |
30 мг |
Лековити својства
Неговото лековито својство се употребува за
– против срцеви болести(како чистач на крвните садови,итна помош при срцев напад,против хипертензија…)
– пречистување на црниот дроб
– белодробни и бронхијални болести(атсма,бронхитис,гибење воздух…)
– против болести на локомоторниот систем и на сврзувакото ткиво
– дишните болести(настинка и грип,анангина,кашлица…)
– кожни болести и итн.