Ако сакате тренинг за целото тело, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Практикувањето на овој тренинг треба да биде дел од вашите физички активности доколку ви се забавни ритмичките движења во аеробикот, но сакате поинтензивно темпо.
Тае Бо е едночасовен високоинтензивен тренинг кој содржи комбинации од удари со раце и нозе, поврзани со разни чекори кои се изведуваат со ритамот на музиката.
Името го добило од зборот ” тае” (taekwondo) и “бо” (boxing). Од неговиот почеток до денес важи за еден од најпопуларниот стил од групата на фитнес програмите.
Режимот на работа е аеробен и резултира со исклучиво добри кардиоваскуларни придобивки. Тоа се динамични вежби кои ќе го зацврстат вашето тело, ги тонираат и дефинираат вашите мускули а воедно и самите вежби ви ја даваат потребната енергија. Ваквиот тренинг ги ангажира мускулите на целото тело, и ги максимизира придобивките. Резултатите се чувствуваат уште при првите неколку тренинзи.