Задолжително загревање пред тренинг

 

За да се избегнат спортските повреди и за поефикасен  тренинг потребно е предходно  загревање.

Најважно е добро да се загрееете. Загревањето не е само задолжително за спречување спортски повреди, туку едноставно и за одржување оптимален и задоволителен тренинг. Загреаните мускули развиваат поголема силова издржливост, тие се по еластични и така се поотпорни на стресни состојби. Со загревањето се зголемува дотокот на крв и се зголемува температурата на мускулот. Треба да се започне со просто загревање на целото тело, почнувајќи од главата па се до стопалата, за да функционалниот систем почнува да делува на повисоко ниво (школско загревање, скокање јаже, лесно трчање, лесен аеробик итн).

Едноставно телото го подготвуваме за напор, мускулите се активираат и се полнат со поголема доза кислород и други супстанци, кои се пак потребни за оптимална работа. За загревање користиме различни вежби, како статички така динамички. Најпрво мораме да ги загрееме поголемите мускулни групи, потоа постепено го зголемуваме интензитетот на работа.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.