Пушењето и физичкиот изглед

За “негативните здравствени ефекти од пушењето” се  пишуваат стотици статии дневно на интернет, најчесто во овие статии се говори за опасните внатрешни ефекти врз организмот од пушењето. Во оваа статија ќе ги образложиме ефектите на надворешниот изглед. Пушењето може да го забрза процесот на стреење ,каде се менува целиот физички изглед.

 

Стареење

Пушењето може да има многу изненадувачки ефект врз физичкиот изглед, е се верува дека го забрзува процесот на стареење. Кај луѓето кои пушат развојот на брчките настапува порано од непушачите, а исто така можат да доживеат и другити симптоми на брзо стареење на кожата, како сива боја и сувост. Тоа е затоа што има отрови во тутунот кои се вдишуваат додека пушите.

Пожолтување

Хроничното пушење исто така предизвикува жолти дамки кој се појавуваат на забите на пушачите. Ова се должи на лепливиот катран кој се таложи со текот на времето. Ширењето на никотин со текот на времето низ организмот, исто така, може да ги претвори ноктите жолти и да остави никотински дамки на прстите.

Здивот

Кај персоналната презентавија најбитен е здивот на една личност, која може да се уништи од чад од цигари. Во прилог на вкус кој се појавува веднаш по пушењето цигара ,може да се осети од  оние во близина.Оваа миризба се отстранува потешко па дури и со миење на забите со четка и паста.

Губење на косата и Разредчување

ОСвен што предизвикува лошо здравје на кожата, пушењето во текот на подолг временски период може да придонесе за губење на косата. Повеќето машки пушачи се искуствно се среќаваат со  губење на косата, и речиси опаѓањето е многу побрзо од тоа кај не-пушачите. Проретчената коса е исто така честа појава и кај жените кои пушат.

Мускулниот раст

Долгорочното пушење исто така има штетно влијание врз мускулниот развој, што е особено лошо кога се започнува со пушење  во раните возрасти, кога стпенот на мускулниот раст најлчесно опаѓа. Пушењето го намалува нивото на транспорт на кислород од белите дробови во крвта, што значи помалку кислород се транспортира од тоа што е потребно да да функционираат мускулите.

 

Со пушењето го ограничувате целокупниот психички и физички потенциjал

Со пушењето го ограничувате целокупниот психички и физички потенциjал

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.