Кој витамини и минерали ги содржат маслинките

 

Маслинките се плодови од маслиново дрво, иако се мал по големина, маслинките се преполни со различни корисни витамини и минерали. И зелените и црните маслинки, ги содржат овие непроценливо хранливи материи, само се разликуваат во степенот на созревање – црните маслинки се едноставно зелени маслинки кои се оставени на дрвото за подолг временски период, пред  бербата.

 

 

 

Витамин Е

Маслинките содржат витамин Е, кој делува како моќен липидно – растворлив антиоксиданс за заштита на клеточните мембрани и другите ткива од штетните слободни радикали. Исто така, игра улога при формирање на црвени крвни клетки, му помага на организмот да го користи витаминот К и ги задржува крвните садови да не сранат премногу крути.

Витамин А

Маслинките, исто така, ни обезбедуваат витамин А, кој е состојка од витално значење која помага за одржување на здрави заби, коски и кожа. Овој витамин служи како антиоксиданс за да се заштитат клетките од ефектите од слободните радикали.

Лутеин и Зеаксантин

Во маслинките содржи мали количини на лутеин и зеаксантин, тоа се антиоксидансни соединенија кои се тесно поврзани со витаминот  А и ги филтрираат штетните зраци во очи, според американскиот сдружение Optometric.

Калциум

Во однос на нивната големина, маслинките содржи значителна количина на калциум. Калциумот е од витално значење за коскената структура, згрутчување на крвта, пренос на нервниот импулс, мускулната контракција и секреција на хормони. Исто така активира и ги стабилизира протеините и ензимите,ги оптимизира нивните активности. Препорачаната количина е 1.000 до 1.200 mg дневно на калциум, во зависност од периодот во животниот циклус.

Железо и цинк

Маслинките се добар извор на железо и цинк. Тие обезбедуваат 3,3 mg железо, или околу 25 отсто од дневна вредност, и 0,22 мг цинк, или 17 отсто на дневна вредност,. Железото е од суштинско значење за хемоглобинот во црвените крвни зрнца. Цинкот е потребен протеинска синтеза, имунолошкат поддршка и за заздравување на раните.

Други витамини и минерали

Маслинкиte, исто така, содржat магнезиум, калиум, фосфор, бакар и селен во многу мали количини, во прилог на витамини Б-1 до Б-6 и витамин К. Витаминот К е од суштинско значење за згрутчување на крвта, додека Б витамините имаат различни важни физиолошки функции. Полифенолите и флавоноидите, се корисни состојки, кој имаат значајни анти-воспалителни својства, се исто така присутни во маслинки.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.