Совети за намалување на нивото на холестерол

 

Балансот на нивото на холестеролот е многу битен за вашето здравје,за да го урамнотежите нивото на холестерол морате да примените здрава исхрана со намалено ниво на маснотии.

Еве неколку совети за вашата исхрана…

 

– намалете ја употребата на месо, особено свинското и сувомеснатите производи.

– немојте да јадете повеќе од 3 јајца седмично. Нема ограничување на белката затоа што холестеролот се наоѓа во жолчката.

– употребувајте млечни производи во мало количество на млечни масти. Одбегнувајте ги масните сирења, кајмакот, путерот. Намалете ја потрошувачката на шеќер, слатки, торти …

– зголемете ја потрошувачката на растителни влакна(интегрални житарици, овошје, особено јаболката и зеленчукот) кои во цревата ги апсорбираат жолчните соли од кои настанува холестеролот.

– употребувајте маслиново масло или масла од пченка, од сончоглед….

– одбегнувајте напнати ситуации и стрес

– правете физички вежби секој ден (најмалку половина час)

– држете ја под контрола својата тежина

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.