Протеини од растително потекло

 

Протеините од овошјето, житариците, зеленчукот и мешункарите содржат 20 аминокиселини неопходни во човековата исхрана. Разликата меѓу растителните и животинските протеини лежи во сразмерот и распоредот на нивните аминокиселини. Протеините од животинско потекло содржат поголемо количество на есенцијални аминокиселини. Значи повеќе се сконцентрирани во прехранбените продукти од животинско потекло. Кога нашиот црн дроб создава протеини, тој не прави разлика меѓу растителните и животинските аминокиселини. Важно е аминокиселината да влезе во крвта. Нам ни се потребни аминокиселини, а не точно одредени протеини. Еве некои извори на храна богата со протеини од растително потекло:

 

Соја

Според количеството на протеини сојата може речиси да се изедначи со месото. Нејзините зрна се извор на комплетни протеини бедејќи ги содржат сите есенцијални аминокиселини. Исто тука се вбројуваат и сите производи на сојата: млеко од соја, соја сос, тофу леб, житарки, соја хамбургери во кои сојата e искористена како успешна замена за месо.

 

 

 

 

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се неверојатен извор на протеини и здрави маснотии. Кога станува збор за протеините, бадемите и лешниците го содржат антиоксидансниот витамин Е, оревите ги содржат есенцијалните омега- 3 масни киселини, а индиските ореви содржат магнезиум и железо.

 

 

 

 

Овошје

Овошките се растителни извори на протеини кои можат да обезбедат адекватни количини на есенцијални аминокиселини. Овошен плод кој мора да се потенцира е авокадото, бидејќи е овошје со високо ниво на моно-незаситените “добри масти” и е полно со витамини и минерали и содржи девет есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човечкото тело.

 

 

 

 

Зрнест зеленчук

Од оваа група најважни се гравот, леќата и грашакот. Богати се со комплексни јаглени хидрати, витамини и минерали, скроб и се добар извор на протеини. Сепак, тие мора да бидат во комбинација со комплементарни протеини како што се оревите, семките, оризот, со цел да станат комплетни протеини кои ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.

 

 

Житарки

Тука спаѓаат овес, јачмен, ориз, `рж, просо, пченица. Сите тие имаат високо ниво на протеини и аминокиcелини. Најдобро е да се консумираат цели зрна, а да се избегнат оние кои се премногу обработени.

 

 

 

 

 

 

Семки

Сусамот, семките од тиква и сончогледот се добри додатоци во салати или само како ужина, но и одлични извори на протеини. Лененото семе, освен што е одлично како додаток во појадокот од житарки и е полно со протеини, тоа исто така е извор на омега масни киселини.

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.