Највисокиот антиоксидант – Аронија

АРОНИЈАТА е многу темен зрнест плод, која потекнува од Америка, но е многу по популарна во Источна Европа, каде e познато дека помага при лекување на лица со срцеви заболувања.

Арониата во споредба со боровинки содржи три пати повеќе антиоксиданти и пет пати повеќе од црвената боровинка.

 

Некој студии, покажуваат дека аронијата го штити црниот дроб од хемиско труење, ја спречува појавата на чирови и делува како анти-воспалителна супстанца. За разлика од антибиотиците и другите лекови, во моментов не постои доказ за негативни ефекти од аронијата.

 

Исто така, спортистите кој користат сок од аронија имаат помалку оксидативна штета на црвените крвни клетки за време на интензивен тренинг, и луѓето над 65 години кои консумираат храна богата со антиоксиданти имаат помали коогнитивни падови.

И секако не заборавајте дека аронијата треба да биде органски одгледана без употреба на вештачки ѓубрива за да го има полниот ефект врз вашето здравје.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.