Кога сакаме да се движиме правилно во одреден правец мора да го користиме компасот. На компасот има нанесено стрелки и степени со чија помош ќе се движиме во саканиот правец. За да го добиеме точниот правец по кој сакаме да се движиме треба да се направат следниве неколку чекори :
– Компасот се поставува со еден од неговите краеви паралелно со линијата по која сакаме да се движиме од местото каде што се наоѓаме до местото каде што сакаме да стигнеме.
– Потоа се врти подвижното куќиште од компасот, така што местото каде што е означен север на компасот (анг. N) покажува во иста насока со означениот север на картата. Исто така може да се користат север-југ линиите на долниот дел од куќиштето од компасот. Овие линии треба да се паралелни со магнетните меридијани на картата.
– Потоа се зема компасот во рака, така што тој мора да лежи хоризонтално. Се вртиме со нашето тело се додека црвениот дел од иглата не покажува север (N) означен на куќиштето од компасот.
– Откако ке се направи предходниот чекор, треба уште само да се движиме кон правецот, кој што го покажува стрелката за правец на компасот.
– Многу е полесно да се одреди правец за движење кога се користи компас со голема основа, отколку компас со мала основа. Кога веќе ќе се одреди правецот, треба да се запомне некој објект или карактеристика во тој правец. Објектот може да биде осамено дрво, камен и сл. Кога ке се стигне до тој забележителен објект, се бара нареден и се така до крајна точка.