Вежби за превенција и корекција на рамни стапала

Покрај одењето боси по нерамен терен, еве и некои вежби кои ќе ви помогнат да ја зајакнете мускулатурата на стапалото, која индиректно влијае на неговата состојба.

–  Фаќање на каменчиња со прстите на стапалата.

–  Стапалата поставени паралелно на подлога и се изведува доближување на прстите кон пета.

–  Одење на прсти.

–  Одење на прсти на јаже.

–  Топката се наоѓа на подлогата, со двете стапала се подига и држи топката.

–  Во легната положба (со гумичка, јаже) двата ножни палци ги пофаќаме и се обидуваме да го скинеме јажето со одалечување на горниот ореден дел од стапалото.

–  Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг со мегусебно споени стапала се изведува туркање наименично.

–  Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг. Стапалата се споени и се имитира  возење  велосипед.

–  Се подига некој предмет од подлогата со помош на прстите од стапалото.

–  Од легната положба на грб и раце покрај тело се изведува подигнување на труп  на пети од подлогата. 

–  Подигнување на прсти и повторно враќање  во почетна положба .

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.