Употреба на глутамин и глутаминска исхрана

 

Глутаминот е многу важна амино киселина во организмот. Тој содржи повеќе од 50% од  амино киселината која ја содржат мускулите. Многу е важен за секојдневната нормална функција на човечкиот организам. Но нашиот организма може дапроизведи само одредена количина на глутамин. Кога организмот е под стрес (на пример за време на напорен тренинг) побарувачката за глутамиот расте,  па ќесто пати се случува да неможе да се произведи глутамин во доволна количина.

 

 

Нашиот организам го користи секој ден, поради тоа што е неопходен за нормална работа на имунолошкиот систем, мозокот, бубрезите, панкреасот, јетрата итн. Оној глутамин кој организмот не успев ада го истроши, се користи како помош при градењето и обновувањето на мускулното ткиво.

Ако глутаминот не се обезбедува во доволна количина, може да се случи да дојде до исцрпување на сите резерви пред да може мускулите да се регенерираат.

Земањето на 10 грама на глутамин како дневна доза, може позитивно да и послужи на спортистите.

 

ГЛУТАМИНСКА ИСХРАНА

 

– Храна од животинско потекло

Животинските протеини претставуваат еден од најбогатите извори на глутамин. Добар извори вклучуваат млечните производи  особено млеко, јогурт, сирење и урда. Од месо се преорачува говедско, пилешко, свинско, и сите видовина риба.

 

– Зеленчук

Гравот има висока содржина на протеини што го прави богат извор на глутамин. Други добри растителн иизвори на глутамин се  зелка, спанаќ и магдонос. Свежиот зеленчук содржи повеќе глутамин отколку  варените верзии.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.